Милан НЕ бара замена за Гатузо: Тој е тренер за наредните 10 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на „росонерите“, Масимилиано Мирабели се надева дека Гатузо ќе остане тренер на Милан во наредните 10 години.

Легендата на Милан го замени Монтела на клупата на „росонерите“ во декември, а италијанските медиуми тврдеа дека тој е само привремено решение до крајот на сезоната.

Меѓутоа, под негово водство тимот почна да остварува солидни резултати, а од Милан тврдат дека Гатузо не е само привремено решение.

„Се надевам дека ќе остане уште 10 години на клупата на Милан. Не бараме замена за Гатузо, се одлучивме да ја довериме клупата на вистинскиот човек. Можеби тоа во очите на јавноста изгледаше како коцкање, но ние бевме сигурни дека правиме вистински избор за Милан. Веруваме дека Рино може да започне победнички циклус и дека долго ќе остане во клубот“, изјави Мирабели.

Милан минатото лето потроши околу 250 милиони евра на засилувања, но резултатите не се според очекувањата.

„Се уште не е време за жалење. Знаеме дека загубивме драгоцено време, но имаме простор да се исправиме до крајот. На крајот на сезоната ќе направиме анализа“, истакна Мирабели.