Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели зборуваше за многу теми поврзани со клубот, па неизбежно беше да проговори и за иднината на Донарума.
Младиот голман минатото лето го продолжи договорот со Милан, но не е тајна дека неговиот менаџер Мино Раиола сака да го пресели во некој друг клуб.
„Донарума е недопирлив и за неговата иднина одлучува само Милан и самиот фудбалер, а не Раиола. Џиџо е еден од најдобрите голмани во светот и без разлика дали ќе пристигне Реина, тој останува прв голман на Милан“, изјави Мирабели.
Спортскиот директор на Милан откри дека во наредните денови Гатузо ќе го продолжи договорот и дека веќе се започнати преговори за продолжување на соработката со Ромањоли и Бонавентура.
„Ромањоли е еден од столбовите на нашиот тим и ќе остане долги години со нас. Веќе започнавме преговори за продолжување на договорот и нема да има никакви проблеми. Истото важи за Бонавентура, наскоро и тој ќе го продолжи договорот“, откри Мирабели.