Милан ќе го убедува Покетино со буџет од 300 милиони!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино би можел да седне на кормилото на италијанскиот гигнат Милан ова лето, пренесуваат италијансите и англиските медиуми.

Аргентинскиот стратег е цел број еден на извршнот директор на Милан, Иван Газидис. Медиумите тврдат дека веќе се остварени првите контакти помеѓу „росонерите“ и агентите на Покетино.

Милан се бори за пласман во Топ 4 и излез во Лигата на шампиони, па иако моментално се во резултатска криза, се уште се на 4-то место со ист број бодови како Аталанта.

Но и доколку влезат во ЛШ, се спремаат промени на „Сан Сиро“. Сопствениците се спремни да вложат голема сума за засилувања ова лето, со цел Милан да се врати на старите патеки и повторно да биде конкурентен во италијанскиот и европскиот фудбал.

„Росонерите“ за таа цел сакаат да донесат етаблирано тренерско име на клупата, а првата цел е Мауросио Покетино. Имено, Милан е спремен да му даде одврзани раце на Аргентинецот да креира тим по своја мерка и буџет од 300 милиони фунти, со цел да го убедат да се пресели на „Сан Сиро“.

Сепак, тоа ќе биде тешка мисија за „росонерите“ бидејќи Аргентинецот има договор со Тотенхем до 2023 година и „спарси“ немаат никаква намера да го пуштат.

Покетино беше на радарот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ се одлучија за Зидан односно Солскјер.