Милан како некогаш: Плаќа 55 милиони за ѕвездата на Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека следното лето Милан ќе биде многу активен на трансфер пазарот и дека новите сопственицит спремиле помеѓу 150 и 200 милиони евра за засилувања.

„Росонерите“ следното лето ќе прават реконстуркција на тимот и сакаат да донесат неколку големи ѕвезди, а примарна цел е ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.

Чилеанецот сеуште го нема продолжено договорот со „топџиите“ бидејќи бара плата од 250.000 фунти неделно, а наводно новите сопственици на Милан се спремни да ги задоволат неговите барања и да го направат најплатен играч во Серија А.

Притоа „росонерите“ веќе имаат спремна понуда од 55 милиони евра, па Арсенал тешко дека ќе може да ја одбие оваа сума со оглед на фактот дека играчот влегува во последната година од договорот.

Единствен проблем за Милан е жестоката конкуренција, бидејќи за Санчез силен интерес покажуваат уште и Јувентус, ПСЖ и Интер.