Милан и Јуве ја сакаат ѕвездата на Рома


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома ја одбила понудата на Милан за Алесандро Флоренци во текот на летото.

Флоренци е еден од најважните фудбалери на Рома, но неговиот договор истекува во јуни 2019 година, а се уште нема постигнато договор со клубот за продолжување на соработката.

Доколку двете страни не најдат заеднички јазик до крајот на сезоната, Рома ќе мора да го продаде фудбалерот, а таквата ситуација се спремни да ја искористат Јувентус и Милан.

26-годишниот Италијанец е поливалентен играч и може да игра на повеќе позиции во тимот, па тоа го прави уште поинтересен за останатите клубови.

Весникот „Тутоспорт“ пренесува дека Милан и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му нудат многу подобри услови отколку Рома, која му нуди 2 милиони евра по сезона.