Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан е исклучително активен на трансфер пазарот, па откако вчера го договори првото засилување, веќе денес е на само чекор од ново големо засилување.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се на чекор од договор со ѕвездата на Фиорентина, Џордан Верето, кој треба да биде замена за Бакајоко.
26-годишниот Французин изминатите сезони покажа дека е еден од најдобрите плејмејкери во Серија А и за него силен интерес покажуваа многу клубови, особено Наполи.
Верето беше на чекор од трансфер во Наполи по барање на Анчелоти, но Малдини успеа да го „украде“ играчот пред носот на „наполитанците“.
Милан веќе има договор со играчот и е во напредни преговори со Фиорентина. „Росонерите“ понудија 25 милиони, додека „виолетовите“ бараат 30, но таа разлика може да биде „испеглана“ со бонуси.
Италијанските медиуми тврдат дека набрзо трансферот и официјално ќе биде комплетиран и во следните денови играчот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.
https://youtu.be/aO2iFRYTA1U