Милан го договори првото зимско засилување!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил трансферот на крилниот напаѓач на Евертон, Жерар Делуфеу.

Шпанскиот младински репрезентативец не е задоволен од својот статус кој го има кај Роланд Куман и сака промена на средината, а медиумите тврдат дека Милан и Евертон веќе го договориле трансферот.

22-годишниот керилен напаѓач ќе пристигне на „Сан Сиро“ на позајмица до крајот на сезоната, а следното лето Милан ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Делуфеу е продукт на школата на Барселона и изминатите две години играше одлично во дресот на Евертон, но оваа сезона не добива доволно минутажа кај Куман.

„Росонерие“ беа во потрага по еден крилен напаѓач кој ќе може да биде замена за Сусо кој оваа сезона игра фантастично, но Монтела нема замена за Шпанецот.