Милан го „блиндира“ Сусо со нов договор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори за нов договор на една од своите најголеми ѕвезди, Сусо.

Шпанецот и оваа сезона игра фантастично и во 12 натпревари сезонава постигна 4 гола притоа запиша 8 асистенции. Со тоа Сусо го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Челзи и Реал Мадрид.

Сусо има договор со Милан до 2022 година, но проблем за „росонерите“ е што во него има откупна клаузула од 40 милиони евра, што е ниска сума во однос на неговите квалитети.

Италијанските медиуми пренесуваат дека вчера започнале преговорите помеѓу Милан и агентот на Сусо за нов договор во кој играчот ќе добие значително подобри услови.

Имено, Сусо моментално заработува 2,2 милиони евра по сезона, а со новиот договор неговата плата ќе изнесува 4 милиони евра годишно. Меѓутоа, во новиот договор ќе биде избришана откупната клаузула, со што Милан ќе се заштити.

https://youtu.be/B9iB12bzU2E