Милан е со јасен став во однос на Суперлигата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски клуб Милан минатата сезона заработил 297,7 милиони евра, што е зголемување за 14 отсто во однос на претходната година, објавија „росонерите“.

Клубот ги зголемил приходите од продажба на билети и други комерцијални приходи. Зголемениот интерес за гледање на натпреварот се припишува на крајот на пандемијата на коронавирус и на фактот дека Милан минатата сезона ја освои титулата во Италија после 11 години.

„Презентираните резултати укажуваат на стабилен пресврт, кој се случи и покрај кризата во секторот и состојбата во економијата. Мораме да продолжиме со иста решителност, со посветеност на нашите играчи и сите соработници на клубот“, изјави претседателот на клубот. Паоло Скарони.

„Освојувањето на Скудетото и растечката вредност на брендот Милан даваат дополнителна потврда за патот на раст што го помина клубот на теренот и надвор од него“, додаде тој.

Во соопштението клубот потврди и дека засега не е заинтересиран за евентуална Суперлига. На „Сан Сиро“ сметаат дека европскиот фудбал е во неволја, но дека може да се спаси и без Суперлигата.

Милан беше еден од 12-те клубови првично вклучени во проектот на Суперлигата, но тој брзо пропадна по негодувањето на навивачите, особено од англиските тимови. Сепак, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сакаат да го оживеат овој проект бидејќи се борат со финансиски проблеми.