Мијалков на денешното рочиште за „Таргет и Тврдина“: „Никогаш никому не сум дал наредба да прислушува нечиј телефон“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешното судско рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ кој е отворен за аферата со масовно нелегално прислушување, бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, даде своја исказ во својство на одбрана, како еден од обвинетите.

Тој се држеш до тезата дека нелегалното прислушување не се вршело во УБК, потенцирејќи дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на Управата. Мијалков, се повика на презентација од израелска компанија, која тврдела дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори.

Тој демантираше и дека давал наредби за прислушување.

-Не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено, ни усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации, истакна Мијалков, објави СДК.

Екс директорот додааде и дека за ваквото тврдење на обвинителството не бил приложен ниту еден доказ.

На прашање на неговиот бранител Љупчо Шврговски, кој му посочи дека според обвинението, во 2008 формирал злосторничко здружение со намера да ја злоупотреби службената положба и овластувањата, тој кажа:

-Тоа е апсолутно неточно. Јас наводно сум формирал да се создаде ваква група, но јас Надица Николиќ како еден од создавачите на групата, не ја познавам. Ја запознав кога се случи аферата со прислушувањето. На другиот создавач Горан Грујовски никогаш не сум му дал таква наредба за формирање група за таква цел. И останатите наводни создавачи на групата не ги знаев. Тука во судница ги запознав. Кога некој би формирал ваква група, не би формирал веројатно со волку членови, башка и непознати за наводниот организатор. Она што очекував беше во оваа постапка да чујам и видам барем еден материјален или вербален доказ за да се поткрепи обвинението, рече Мијалков.