Home Спорт Михајловиќ ќе биде еден од десетмината избрани кои ќе бидат примени во „Куќата на славните на италијанскиот фудбал“

Михајловиќ ќе биде еден од десетмината избрани кои ќе бидат примени во „Куќата на славните на италијанскиот фудбал“

Славниот српски фудбалер и тренер, прерано починатиот Синиша Михајловиќ е помеѓу десетмината избрани кои ќе бидат примени во „Куќата на славните на италијанскиот фудбал“.

Покрај Михајловиќ кој почина на 16-ти декември минатата година на церемонијата која ќе биде организирана на крајот на оваа сезоната вакво признание ќе добијат: Џанфранко Зола, Зидан, Мурињо, Алесандро Атобели, Кристијан Џирели, Ернесто Пелегрини и Ерно Егри Ербшајн.

„Куќата на славните на италијанскиот фудбал“ постои од 2011 година и беше основана од Фудбалскиот сојуз на Италија и Фондацијата „Музеј на Фудбалот“.

Членови досега се играчи, тренери, судии, менаџери и останати фудбалски работници кои оставија длабока трага во историјата на овој спорт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…