Михајловиќ без капа во кругот на семејството – фотка која ги трогна обожавателите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менаџерот на калчолигашот Болоња, српскиот тренер и бивш славен голгетер Синиша Михајловиќ со месеци води битка со леукемија, болест која му беше дијагностицирана минатото лето.

Легендарниот Михајловиќ уште од првиот ден порача дека нема да се предаде и дека ќе се бори како лав, против тешката болест. Од саканиот фудбал дефинитовно популарниот Миха ништо не може да го одвои. Српскиот тренер е во тек со се што се случува во неговата Болоња, следи тренинзи, натпревари…. Голема поддршка во се Синиша има од неговото големо семејство , петте деца и сопругата Аријана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic) on

Сопругата на Михајловиќ, Аријана на Инстаграм сподели најинтимна семејна фотка на која Синиша прв пат може да се види без капа на главата, опкружен од целата фамилија.

Додека сите лежат на кревет и уживаат, најстарата ќерка на Синиша и Аријана, Викторија направила селфи кое веднаш го споделила на социјалните мрежи.