Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Судијката Татјана Михајлова, нов вршител на должноста претседател на Кривичниот суд, не се откажува од предметот на СЈО за шлаканиците за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
И покрај мојот ангажман како в. д. претседател на Кривичниот суд, ќе продолжам и понатаму да ги водам предметите кои ми се доделени во работа, вели за 24 Вести Михајлова.
Како судија при овој суд, во согласност со законските овластувања, се уште постапувам по предметите кои од претходно ми беа доделени во работа сè со цел да не дојде до какво било нивно одолговлекување, вели Михајлова.
Според првиот човек на Судскиот совет, Караџоски, пак, тоа може да биде проблематично, иако не прецизираше зошто.
Според мене, претседател на суд не би требало да работи на предмети, изјави Караџиоски.
Од Специјалното јавно обвинителство велат дека очекуваат судењето да почне на 16 декември. Од СЈО не очекуваат нови одложувања и, како што потврдуваат, веќе примиле и покана за рочиштето.
Почетокот на судењето еднаш веќе беше одложен по барање на адвокатот на второобвинетиот, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Додевски го извести Судот дека не може да стигне на главната расправа поради неговиот ангажман како претседател на Адвокатската комора.
Поранешниот премиер Никола Груевски, Миле Јанакиески, пратеничката Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ и уште 11 лица одговараат за поттикнување и за директно извршување на насилство на протестите во Општина Центар. Според обвинението на СЈО, доказите упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за поттикнување на насилство биле чисто лукративни заради одржување на бизнис-интересите на партискиот врв и интересите на нивните блиски бизнис-партнери.