Михаел Рот: Решение на спорот за името оваа година, за да нема статус кво ситуација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години, рече државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

Рот потенцираше и дека двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на СЈО, а прагматично решение е да се интегрира СЈО во редовните судски инстанци.

Ова решение го потврди и премиерот Заев, кој нагласи дека мандатот за поднесување нови предмети на СЈО е завршен, но дека се работи на интегрирање на обвинителството во редовниот судски систем.