Михаел Мерклер по потекло од Македонија е дизајнер на најбрзиот и најевтин електричен суперболид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наредната година во Канада, со дизајн потпишан од Михаел Мерклер, по потекло од Македонија, во производство влегува најевтиниот и најбрз електричен суперболид, кој со комбинацијата од ниска цена, одличен дизајн и спецификации, се предвидува дека ќе направи вистински „потрес“ на пазарот за електрични автомобили.

Македонскиот дизајнер Михаел Мерклер повторно е во центарот на вниманието со новиот концепт на електричен спортски болид , кој следната година ќе почне да се произведува во Канада. Конечниот изглед на дизајнот е одобрен , а автомобилот доби и име , Quds . На арапски значи „свет” , зашто е инспириран од џамијата со златна купола во Ерусалим.

Основата ќе биде на Dubuc Tomahawk , електричен болид што веќе се произведува во Канада. Според првите проценки Quds ќе може да достигне до 100 км/час за само 2,9 секунди и тоа се до 260 км/час , со теориски дострел до 800.

Дизајнот е врвен со врати во облик на крилја (gullwing) , врвни материјали и едноставно дизајнирана луксузна кабина. Зад канадската компанија Електра е успешниот бизнисмен Џихад Мохамад , кој не сака да заработи , туку да изработи еколошки прифатлив спортски автомобил , достапен за широката популација.

Затоа , цената ќе изнесува само околу 70 000 долари , што за ваков болид е десетпати пониска од конкурентската. Од Електра планираат да отоврат мали погони за производство на овој болид низ целиот свет, за да остане проектот одржлив.

,,Ние правиме автомобил за просечен клиент што го сочинува 50% од денешниот пазар.Ќе произведеме автомобил што обично се продава за милион американски долари, а го продаваме за 70.000 $ за просечен клиент од средната класа. Нам не ни треба суперпрофит, сакаме да и помогнеме на околината, не можеме само да се потпреме на оние кои можат да си дозволат многу скапи автомобили. Ако успееме да замениме само 1% од автомобилите на улиците, ќе нема никакво влијание врз животната средина, но ако замените 50% од автомобилите со електрични, дефинитивно ќе се направи разлика “, се вели во соопштението од Електра.