Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Добра вест доаѓа од технолошкиот гигант Microsoft за сите корисници на оперативниот систем Windows 7. Истиот ќе добие уште едно, ново ажурирање, иако поддршката за оваа верзија на Windows официјално е престаната.
Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени Windows 7 позадини (оние во „стеснет“ режим) да бидат заменети со обична црна слика.
Едно од решенијата е просто да престане да се користи „стеснетата (стреч)“ опцијата, но Microsoft рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле Windows 7 Extended Security Updates.
Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.
Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Microsoft на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од Windows 7 да прејдат на Windows 10, пишува „Tech Radar“.
Во секој случај, сепак од Microsoft решиле дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници, а не само оние кои плаќаат додатен пакет за ажурирања.