Мезе „за сите пари“: 50 Сент го ремети МекГрегор за поразот од Мејведер (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Боксерскиот дуел помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор предизвика бројни реакции меѓу јавните и славни фаци кои немаат никаква допирна точка со спортот.

Но, еден од „најбруталните“ коментари и ремети кои му беше мавнат на Конор го направи раперот 50 Сент, инаку голем и близок пријател на Мејведер. Двајцата Американци го провоцираа МекГрегор и пред борбата, а пејачот не можеше да издржи да не го „пецне“ Ирецот и за време на боксерскиот дуел.

A post shared by 50 Cent (@50cent) on

Една од неколкуте ситуации во кои МекГрегор му се бесеше за врат на Мејведер и го стегаше, дури и од зад грб, ја искористи раперот за да го ремети и мези на социјалните мрежи ирскиот ММА „фајтер“. Една таква сцена тој ја искомбинира и спореди со култната сцена од филмот „Титаник“ во која ДиКаприо ја гушка Кејт Винслет од зад грб додека уживаат во пловењето на бродот на мирно море.

„Што по ѓаволите се случува? ОК Флојд, нокаутирај ја оваа будала“, напиша 50 Сент под фотографијата.