Методот на американските војници ви гарантира заспивање за 2 минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во книгата Relax and Win: Championship Performance е откриен методот кој американските војници го користат за да си обезбедат доволно сон, а кој наводно гарантира дека ќе заспиете за две минути откако ќе си легнете.

Едноставниот систем за заспивање кој го користат американските војници наводно има 96% ефикасност, после вежбање на истиот од неколку недели.

Методот е смислен кога војската сфатила дека многу нивни пилоти прават грешки поради стрес и ненаспаност. Дури и кога не биле на смена, пилотите биле уморни и не можеле да се опуштат и доволно квалитетно да се наспијат. Нивниот стрес тогаш се натрупувал и поради тоа тие можеле да направат и некоја фатална грешка.

Овој метод за нив прави чуда.

Прв чекор – опуштете ги мускулите на лицето, вклучително и јазикот, вилиците и мускулите околу очите

Втор чекор – спуштете ги рамената ниско колку што ви одат надолу пред да ги опуштите горниот и долниот дел од едната, а потоа и од другата рака

Трет чекор – издишете, опуштете ги градите и потоа лесно опуштете ги нозете, почнувајќи од бедрата

Четврт чекор – после десетина секунди длабока релаксација следен чекор е целосно прочистување на умот

Авторот на книгата, Лојд Бад Винтер, сугерира дека една од овие три слики ќе ви помогне во тоа:

– Лежите во кану на мирно езеро, ништо освен сино небо над вас

– сместени во црна мрежа во замрачена соба

– си повторувате „немој да мислиш, немој да мислиш“ десетина секунди