Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната прес-конференција за јавноста и медиумите, премиерот Зоран Заев ги откри имињата на функционери, директори, членови на управни одбори и раководители на институции кои ќе бидат зафатени од новото „функционерско метење“ во рамки на владината реконструкција.
Меѓу нив се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, директорот на Државниот архив, Кирил Петров, директорот на Агенцијата за лекови Ќахил Ибраими, дректорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Вулнет Адеми директор на Агенција за странски инвестиции , директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ.
Како што рече Заев, неговите предлози ќе бидат ставенi на владината седница која ќе се одржи денеска. Заев им се заблагодари на сите разрешени функционери и рече дека од денеска ќе почне именувањето на новите.