Advertisements
Актуелно

Метлата од Заев „ќе заигра“ во јуни – еве по кој аршин

Премиерот Зоран Заев ги најави критериумите според кои ќе ја активира фамозната „операција метла“ во рамки на владиниот состав, која ќе опфати носители на високи функции. Ароганцијата, неисполнетите и нереализирнаи очекувања, неагилниот однос, непотизмот и уште некои негативни појави се дел од факторските критериуми според кои „ќе мете метлата на Заев“.

“Овој период ќе го искористам за конечни консултации, така што верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а верувам дека некаде кон крајот на јуни ќе се пуштиме и по вертикала, односно во самите општини каде што државата е преставена со одредени државни институции”, рече Заев.

Според неговата најава ќе се менуваат министри, нивни заменици, директори, но сепак не презицираше за колкава бројка се работи, пренесува Радио Слободна Европа. Тој, како партиски претседател, најави промени и во неговата партија СДСМ, наведувајќи ги и критериумите по кои ќе се правеле кадровските промени.

Advertisements

Најпопуларно

To Top