Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите на областа Каказија, во југозападен Сибир, беа сведоци на голема огнена експлозија на небото која за кратко ноќта ја претвори во ден. Некои тој момент успеаја да го снимат со своите мобилни телефони и камери.
„Првин не сфаќав што се случува. Сè се случи ненадејно и некако нагло. Не беше целосно ден, но беше многу светло. Погледнавме кон планината која се наоѓа во близина и видовме како огромен метеор лета над неа. Искрено, бев исплашена. Мислев дека е бомба“, вели Олга Сагалакова за Russia Today.
Известувања за оваа ретка појава пристигнуваа од цела Каказија, како и од соседната област Краснојарск. А најдобро се гледаше во градот Сајаногорск. Никола Солдатов, жител на Каказија, метеорот го гледал три или четири секунди, а околу половина минута после тоа се чула силна експлозија која ги активирала алармите на автомобилите во многу делови низ градот.
„Беше многу убаво. Не се гледа такво нешто секој ден. Но, не бевме исплашени, бидејќи веднаш сфативме дека се случува нешто слично ако она во Челјабинск пред три годин“, изјави Сергеј Исајкин.
Метеорот не предизвика никаква штета, а според руската новинска агенција TASS, ако некој фрагмент од метеорот го преживеал падот, веројатно се наоѓа во долината Бабик.