Металурзите предупредуваат: Индустријата е на стаклени нозе, пред колапс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Индустријата се бори за опстанок, пердупредуваат металурзите. Политичката криза, недостигот на стручен кадар и светските надолни трендови го намалија индустриското производство.  

Од металуршката индустријата порачуваат дека новата Влада треба да ги редефинира економските политики и да формира долгогодишни стратегиите за развој.

Индустриското производство во нашиов сектор не е на задоволително ниво, капацитетите работат половично, извозот се држи на некое ниво во првиот квартал некои 150 милиони долари, нешто налик на минатогодишното ниво но не е за утеха, изјави Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

Анализата за развојните потенцијали во металната, машинската и електро индустријата, покажале потреба од проширување на листата на производи за извоз, со поголема додадена вредност.

Лошите економски перформанси во македонската економија ги создава прилично ниските стапки на економски раст кои македонската економија ги создава не само последните години како резултат на политичката криза туку, би рекол, последните 20 до 25 години од нејзиното осамостојување. Треба да се гледаат во лошите извозни перформанси на економијата“, изјави Дарко Лазаров, професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Ако ние произведуваме женски костими во конфекцијата, можеме да правиме и машки капути ако тие носат повисока додадена вредност. Илузија е да очекуваме нуклеарни реактори да правиме, изјави Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

Последниве месеци индустриското производство бележи континуиран пад. Најголемо намалување имаше во јануари кога индустриското производство падна за 2,6 осто во споредба со истиот период лани. Како главни фактори економситите ја наведуваа политичката криза.