Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите на Металург на гости кај Извиѓач на волшебен начин се извлекоа од пораз откако Гуглета постигна два гола во последните 30 секунди од натпреварот.
По израмнетиот почеток Металург прв повлече потег и со серија од пет гола во 18 минута стигна до водство 9:5. Пет минути подоцна македонскиот претставник во СЕХА имаше пет гола повеќе од противникот (12:7), а на полувреме разликата беше три гола (13:10).
Предноста од три до пет гола Металург ја одржуваше се до 45 минута (19:15), кога избраниците на Јовиќ неразбирливо го загубија ритамот, девет минути не постигнаа гол, а примија шест и во последните пет минути влегоа со негатива од два гола 19:21.
Два гола предност Извиѓач имаше сé до последните 30 секунди кога Гуглета намали на 23:24, а потоа истиот играч украде топка и од својата половина го постави конечниот резултат 24:24.
Голманот Арсиќ го предводеше Металург на овој натпревар со 15 интервенции, кај стрелците се истакнаа Обрадовиќ со шест, односно Илиќ и Пешевски со по пет голови. Херојот Гуглета натпреварот го заврши со четири голови.
За Металург дебитираше српскиот играч Предраг Вејин, кој не успеа да се запише меѓу стрелците, односно ги промаши четирите удари кон голот на Извиѓач.