„Мета“, „Порталб“ и „Вистиномер“ добитници на наградата „Роберто Беличанец“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вчера ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019.

Овогодинешни добитници на оваа награда се изданијата на Фондацијата Метаморфозис: новинската ангенција „Мета“, порталот на албански јазик „Порталб“ и алатката за зголемување на отчетноста „Вистиномер“.

Признанието „Роберто Беличанец“ се доделува за континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во 2018 година ја воспостави годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.