Meta Platforms Inc најави изработка на најмоќен суперкомпјутер за истражување на вештачка интелигенција


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Meta Platforms Inc, матична компанија на социјалната платформа Фејсбук, објави дека членовите на нејзиниот истражувачки тим создале нов суперкомпјутер дизајниран за истражување на вештачката интелигенција.

Во блог пост на Мета се вели дека нејзиниот нов AI Research SuperCluster (RSC) ќе и овозможи на компанијата да развие уште подобар суперкомпјутер посветен на истражување на вештачката интелигенција. Модулите треба да користат голем број функции, да разберат трилиони контексти на објави, да работат на стотици јазици и истовремено да анализираат текстови, слики и видеа за да утврдат дали содржината е штетна.

Експертите работеле две години на суперкомпјутерот. Тие веруваат дека тоа би можело да им помогне да развијат уште подобар софтвер базиран на технологија за вештачка интелигенција, на пример, да овозможи подобра контрола на говорот на омраза во објавите на популарните социјални мрежи.

„Освен што истражувањето ќе придонесе за безбедноста на корисниците на нашите услуги денес, ќе придонесе и за нивната безбедност во иднина, додека создаваме метаверс“, објави компанијата на својот блог.

Метаверзумот е еден вид збирка на дигитални места во кои луѓето комуницираат едни со други и со овие системи. Ова вклучува сè, од платформи за социјални медиуми до видео игри и веб-страници за онлајн банкарство. Крајниот дострел на метаверзумот е виртуелна реалност, со која денес се среќаваме во некои видео игри.

Компанијата објави дека развива нови алатки за виртуелна реалност. Според CNN, наскоро би можело да започне со развој на „сосема нови системи за вештачка интелигенција“, како што се симултани преводи за поголеми групи луѓе кои зборуваат различни јазици, што е еден од можните начини за користење на овој високо софистициран уред.

Фејсбук на Закерберг го промени своето име во Мета во октомври, навестувајќи го својот нов фокус на метаверзумот, за кој верува дека ќе го наследи мобилниот интернет.

„Искуството на кое го градиме метаверзумот бара огромна компјутерска моќ – квинтилиони операции во секунда – и нашиот суперкомпјутер ќе овозможи нови модели со вештачка интелигенција кои можат да учат од трилиони примери, да разберат стотици јазици и повеќе“, напишал директорот на Мета, Марк Закерберг во објава на Фејсбук.

Портпаролот на Мета рече дека компанијата се здружила со тимови од Nvidia Corp., Pure Storage Inc. и Penguin Computing Inc., кои се специјализирани за производство на суперкомпјутери.