Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во шоуто кај Греам Нортон, актерот Мет ЛеБланк го откри најодвратниот момент од снимањето на планетарно популарната серија „Пријатели“ (Friends), од епизодата The One Where Ross Got High.
Во текот на таа епизода од шестата сезона, во која поради две залепени страници од прирачникот со рецепти, Рејчел ќе направи комбинација од десерт и јадење со месо, Рос и Џои глумат дека уживаат во „питата“ за да не го скршат духот на Рејчел.
Во стварност, ЛеБланк открива дека питата била направена од банана и шлаг, па тој немал проблеми со тоа – сè додека не дознал што се случило со јадењето.
Во таа епизода, Џои всушност ужива во јадењето, а дел му краде и од чинијата на Рос. „Беше премногу во неговата чинија, па почна да јаде. Но, не можеше да го изеде сето, па почна да се смее и снимањето беше прекинато. Додека се случуваше тоа, тој плукнал дел од јадењето во чинијата. Седев до него, но гледав на друга страна и не го видов тој момент кога плукнал храна од неговата уста назад во чинијата“.
Несвесен што се случило, ЛеБланк потоа го зел парчето пита од чинијата на Рос и им викнал на камерманите да почнат да снимаат. „Снимаме повторно. Јас јадам и ја завршуваме сцената. Никој ништо не рече“, раскажува Мет.
Вистината ја дознал дури кога ги гледале неофицијалните снимки. Му се допаѓало што гледа, но набрзо насмевката му исчезнала од лицето. „Зошто никој никогаш не ми го кажа тоа?“, се прашувал тој.