Место кафе, утрински секс – за фантастичен почеток на денот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наместо да го започнете утрото со кафе и туш, започнете го со секс. Освен тоа што ќе се чувствувате одлично, ефектите од односот може да траат дури и го една недела.

Поинтимен од ноќниот

Утринскиот секс несомнено изглед поинтимно од вечерниот, од чиста причина што веќе сме голи и веднаш можеме да пристапиме кон чинот без многу одолговлекување. Освен тоа што е посекси од тоа да бидете разбудени со орален секс или пак со супер секси бакнежи по цело тело?

Можете да бидете мрзеливи колку што сакате

Не мора да брзате никаде бидејќи и вака и така веќе сте во креветот. Можете да се милувате, да си дадете време за предигра или пак веднаш да се фрлите во акција. Едноставно можете да бидете далеку поспонтани во својот пристап.

Какво утро – таков ден

Познато е дека сексот го намалува стресот и прави да се чувствуваме посреќно и порелаксирано. Според резултатите од едно истражување спроведено од Универзитетот од Синсинати, ефектите од утринскиот секс може да траат и до седум дена. Што подобро од тоа?!

Може да се пофалите на работа

За некои луѓе нема ништо послатко од тоа да се пофалат на работа како си го поминале утрото и да посочат дека имале жешка акција во креветот. На крајот на краиштата и зошто да не, доколку тоа ве прави среќни. Барем имате со што да ја оправдате онаа блескава насмевка со која што ви започнал денот.