Меси: Срамота е што Копа Америка се игра на вакви терени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина вчера на во четвртфиналето на Копа Америка ја совлада Венецуела со 2:0.

Аргентинците така се пласираа во полуфиналето каде што ќе го гледаме најголемото дерби на јужноамериканскиот фудбал. Во полуфиналето ќе играат Бразил и Аргентина, овој натпревар се игра ноќта помеѓу вторник и среда во 02:30 часот по наше време.

Иако Аргентинците вчера стигнаа до победа од 2:0 баш и не воодушевија со својата игра. Но после натпреварот верува дека тој и соиграчите допрва ќе се покажат во најдобро светло.

„Сите учесници сакаат да ја освојат Копа Америка и сите имаме иста цел. Она што можам да го кажам е дека терените се многу лоши и срамота е што вакво натпреварување се игра на вакви терени. Бразил? Тешко е да се каже кој е фаворит. Знам дека се уште не сте го виделе нашето најдобро издание“.

„Скалони нас не соедени, навистина се чуствуваме и се однесуваме како вистински тим на тренинзите и натпреварите. Сите многу добро се сложуваме. Знаеме каква репрезентација е Бразил и имаме огромна почит кон нив, но се надевам на добар резултат и пласман во финалето. Скалони има и добри страни и мани, баш како и секој селектор на Аргентина до сега, како секоја личност на светот. Не е лесно да се биде селектор на оваа репрезентација“, изјави Меси.