Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона синоќа со високи 4:0 ја победи Севиља,а Меси го одигра целиот натпревар и со фантастичен гол стави точка на натпреварот.
Меси во центарот на вниманието се најде после натпреварот кога неколку играчи на Севиља му го побараа дресот. Но, тој мораше да ги одбие и му пријде на колегата од репрезентацијата, Евер Банега со кој си ги размени дресовите.
Шпанските медиуми утринава објавија дака Меси наводно изјавил дека никогаш прв нема побарано дрес од своите противнички играчи и дека само тие бараат од него. Но, синоќа Аргентинецот го прекрши тоа правило.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека такви потези Меси дозволува само кога некој колега од репрезентацијата игра на противничката страна, и тогаш може да се случи тој да побара дрес.