Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓународниот институт за спортско истражување направи голема анализа за најдобрите дриблери во светот и дојде до многу интересни резултати.
Кога се дриблинзите во прашање, првото име кое на повеќето од вас ќе му падне на памет е секако Лео Меси. Тоа што аргентинскиот „волшебник“ го прави со топката во нозе е навистина неверојатно, но уште поневеројатно звучи информацијата дека тој не е меѓу најдобрите дриблери во светот!
Меси е дури на шестото место меѓу најдобрите дриблери во светот, доколку им се верува на анализите на Меѓународниот институт за спортско истражување. (CIES)
Највешт фудбалер на светот со топката во нозе е 21-годишниот играч на Мидлзборо, Адама Траоре! Станува збор за брзоног крилен напаѓач кој цела сезона ги „измачува“ противничките дефзнивци, а понекогаш ги прави и смешни.
Институтот до овие податоци дојде така што го подели бројот на обиди за дриблинг со процентот на успешни дриблинзи.
Во Топ 5 се најдоа уште Еден Азар од Челзи, Алан Максим (Бастија), Нејмар (Барселона) и Вилфред Заха (Кристал Палас), а интересно е дека официјално најдобриот фудбалер на светот Кристиано Роналдо го нема ни во Топ 10. Според оваа статистика подобар дриблер од ѕвездата на Реал е и Кениецот Виктор Ваниама.