Спорт

Меси и порача на управата: Купете го НЕГО, сакам да игра покрај мене!


Со оглед на фактот дека во летниот преоден рок не купија голема ѕвезда, се очекува Каталонците да бидат многу активни во зимскиот преоден рок.

Филипе Кутињо е апсолутно прва мета и Бразилецот најеројатно ќе заврши на „Камп Ноу“ за повеќе од 100 милиони евра, но Лео Меси сака уште еден фудбалер.

„Диарио Гол“ тврди дека Меси му порачал на раководството да го донесат играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, кој веќе подолго време е мета на Реал Мадрид.

Единствениот проблем е што Тотенхем за својата ѕвезда бара 100 милиони евра, сума која може да биде проблем за Каталонците доколку го купат Кутињо.

Многумина сметаат дека Деле Али во иднина ќе биде легитимен кандидат за „Златната топка“, па тешко е да се очекува Барселона да купи две големи ѕвезди во зимскиот преоден рок.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top