Меси одлучи – овој фудбалер мора да ја напушти Барса!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во соблекувалната на Барселона не е се идеално. На нож беше дочекана идејата на Енрике да го извади од тимот Ракитиќ, а Андре Гомеш беше означен за главен виновник за високиот пораз во Париз.

Гомеш навистина ја плати цената од тој дебакл, Ракитиќ е рехабилитиран и се врати во орвиот тим, а каталонсите медиуми тврдат дека Меси сака Португалецот да си замине од „Камп Ноу“.

Во тоа го поддржуваат Суарез и Нејмар, бидејќи сметаат дека многу подобро за тимот ќе биде да остане Арда Туран, а немсто него да биде продаден Андре Гомеш.

Проблемот за Барселона е што Андре Гомеш е платен скоро 60 милиони евра, па раководството би можело да изгуби големи пари на него, бидејќи после една ваква сезона неговата цена драстично падна.

Сепак, кога Меси некого не сака во клубот, сите знаеме како завршува, за тоа потврдуваат и сториите на Ибра, Давид Виља, Алексис Санчез…