Меси нема да го кани Пике на свадба – еве зошто!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со години играат заедно во Барселона, освојуваат трофеи и се големи пријатели, но според најавите Жерар Пике нема да биде поканет на свадбата на Лео Меси.

Причината – женска работа!

Според пишувањето на медумите вереницата на Меси, Антонела Рокузо и сопругата на Пике, славната пејачка Шакира не се во добри односи.

„Ел Паис“ пишува дека причината е тоа што Антонела се дружи со бившата девојка на Пике, Нурија Томас, која не останала во добри односи после раскинувањето бидејќи фудбалрот многу брзо ја замени со славната пејачка.

Шакира и Пике се запознаа на снимањето на промотивниот спот за Светското првенство 2010 година, а тој тогаш беше сеуште во врска со Нурија.

Сеуште не се знае точниот датум на свадбата, се претпоставува дека тоа ќе биде средината на јуни, но сигурно дека Пике и Шакира ќе бидат изоставени од списокот на гости.