Меси не е задоволен од трансферите на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Останаа уште два дена од преодниот рок, а Барселона сеуште го нема реализирано трансферот на Кутињо од Ливерпул. Меѓутоа, и доколку успеат Каталонците да го донесат Бразилецот, Меси нема да биде задоволен, пренесуваат шпанските медиуми.

„Дарио Гол“ пренесува дека Меси од Аргентина преку посредници му порачал на раководството на клубот да го доведат неговиот сонародник Анхел ди Марија. Иако од Барса пред неколку дена изјавија дека немаат намера да го донесат играчот на ПСЖ, сепак Меси со еден повик тоа го промени.

Меси се почесто се состанува со раководните луѓе на клубот и се почесто телефонски разговара со претседателот, па јасно му ставил до знаење дека го сака Ди Марија, пренесува „Дарио Гол“.

Медиумот пренесува дека ова би можел да биде еден од условите на Меси за продолжувањето на договорот кој истекува на крајот на сезоната.

Барселона има 48 часа да ја репи судбината на неколку фудбалери, но и на својата најголема ѕвезда Лионел Меси.