Меси можем да остане без вилата на Ибица и да загуби 11 милиони евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Светскиот фудбалски ас Лионел Меси полека, но сигурно, се подготвува за денот кога ќе ги закачи копачките. Лео разгледувал повеќе можности каде може да ги поминува семејните денови по завршувањето на кариерата, а конечната одлука паднала за Ибица, Шпанија.

Аргентинецот купи вила вредна 11 милиони евра, во која доаѓа на одмор со семејството, а некои медиуми пишуваат дека Меси таму ќе го помине остатокот од животот по завршувањето на кариерата, но една семејна визија се претвори во вистински кошмар.

Поранешниот сопственик на имотот изградил уште две соби и сакал да го прошири овој прекрасен простор, но немал градежна дозвола.

Сега еден од најдобрите фудбалери на сите времиња влезе во неволја бидејќи ја купи целата вила со придружните објекти, пренесува „Еспресо.рс“.

Напаѓачот на ПСЖ сега е во административен проблем, бидејќи дури и рушењето на спорниот дел од вилата е тешко изводливо, па ќе мора што поскоро да стави крај на оваа тешкотија, за да нема инциденти со државните органи.

Постои можност Меси да ја загуби купената вила, а со тоа и 11-те милиони евра кои ги вложи. Целта на Аргентинецот е неговите деца да растат на Ибица, а со идејата да купи вила се согласила и неговата сопруга.

Вилите на Ибица веќе имаат некои ѕвезди како Луис Суарез, Кристијано Роналдо, па можеби и тоа одлучи дека аргентинскиот фудбалер планира таму да го продолжи семејниот живот. Сепак, некои работи тргнаа наопаку, па ќе видиме како сето тоа ќе заврши.