Меси: „Луѓе сме, не можеме да играме против оние кои убиваа невини деца!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинската репрезентација требаше да го одигра последниот подготвителен натпревар против репрезентацијата на Израел, пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Русија, но на инсистирање на самите фудалери од Аргентина, истиот беше откажан.

А главната улога во целата приказна за откажувањето на подготвителниот дуел на „Гаучосите“ против Израел ја имаше Линонел Меси, кој во разговор за TyC Sport ја објасни и причината зошто инсистирал да се откаже натпреварот.

„Како амбасадор на УНИЦЕФ, не можам да играм фудбал против луѓе кои убиваат невини палестински деца. Поради тоа моравме да го откажеме натпреварот, бидејќи, сепак, ние пред сè сме луѓе, па фудбалери“, изјави Лео Меси.

Оваа вест само ја потврди и Гонзало Игуаин, наведувајќи дека целата репрезентативна соблекувална застана зад ставот на Меси и ја прифати одлуката.

„Одлуката е донесена, а цел ден беше неизвесно дали ќе се игра или не, дали ќе патуваме или не. Маскерано, јас и целата репрезентација дефинитивно се согласивме да одбиеме да играме кога Меси не праша како можеме со мирна совест да играме фудбал, кога толку луѓе и деца плачат во Палестина“, објасни Игуаин.