Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси со голот постигнат на гостувањето кај Реал Сосиседад синоќа ја промени историјата на европскиот фудбал.
Имено, Меси го собори рекордот на поранешниот германски фудбалер Герд Милер по бројот на постигнати голови во еден клуб во петте најсилни лиги во Европа.
Меси го постигна својот 366 гол во дресот на Барселона, со што изби пред поранешниот фудбалер на Баерн Минхен кој има 365 гола за Баварците.
Аргентинецот рекордот го направи со одиграни 401 натпревар за „Каталонците“, додека на Милер му беа потребни 427 натпревари.
Меси оваа сезона во Примера има постигнато 17 гола на 19 натпревари, притоа запиша и 8 асистенции.