Меси ја отвори душата: Проговори за аферите во Барселона и за својата иднина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Капитенот и најголема ѕвезда на Баселона, Лионел Меси одлучи јавно да проговори за последниот скандал кој го тресе каталонскиот клуб.

Се појавија информации дека клубот ангажирал специјална компанија која ќе го оцрнува неговото име и на голем број други ѕвезди од клубот. Шпанското радио „СЕР“ прво ги изнесе обвиненијата, со цел да се исчисти имиџот на Пеп Марија Бартомеу на социјалните мрежи, преку разни профили.

Бартомеу призна дека тие ја ангажирале I3 Ventures од „Камп Ноу“, но тој строго негираше дека причината е за одржување на неговиот углед.

Кога се вратив, почнав да дознавам помалку за тоа што се случило. Претседателот ни ги кажа истите работи што ги објави јавно на прес-конференцијата. Каква била ситуацијата, што се случило, едноставно не можам да кажам ништо повеќе. Го кажа истото, на нас капитените, како и на вас“, изјави Меси и побара да ги види доказите.

„Навистина ме чуди се што се случи. Претседателот кажа дека ќе достави докази дека тоа не го правел. Мораме да почекаме, да видиме дали е вистина или не. Не можам да кажам ништо повеќе. Ни преостанува да чекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Меси.

На крајот Аргентинецот проговори и за својата иднина бидејќи медиумите почнаа да шпекулираат дека може да ја напушти Барселона.

„Не ми паѓа на памет да ја напуштам Барселона. Ако клубот ме сака тука, секако дека ќе останам. Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите и да продолжам да освојувам трофеи во првенството“, истакна Меси.