Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лео Меси синоќа беше прогласен за најдобар играч за 2019. година во избор на ФИФА, пишува Спортски.мк.
Аргентинскиот фудбалер ја доби наградата за најдобар, и ова е прва индивидуална награда за Меси уште од 2015. година. Меси претходната сезона беше брилијантен, а за Барселона и репрезентацијата на Аргентина на 58 натпревари постигна 54 погодоци.
Меси ја предводеше Барселона во одбраната на титулата во Шпанија, и до полуфиналето во ЛШ, каде овој тим доживеа шокантен пораз од Ливерпул во полуфиналето.
Во конкуренција за наградата покрај Меси беа Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо, но Аргентинецот доби поголем број гласови и на крајот заврши на првото место.
„Ова беше прекрасен и емотивен ден бидејќи сето тоа успеав да го споделам со децата. Откако стигнавме се дружевме со одлични фудбалери и моите синови навистина уживаа. Исто така, голема чест е да се освои оваа награда и расположението поради тоа е уште поголемо.“ – изјави Меси и додаде:
„Можам да ви кажам дека нема никакви тајни. Единствената работа е што се уште го давам својот максимум и се обидувам да бидам се подобар, да освојувам што повеќе титули со екипата. Останатото доаѓа после тоа.“