Меси и соиграчите летале со истиот авион пред три недели!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Авионот „Ламија БАЕ-146“, кој се урна пред слетување во колумбискиот град Меделин, често го користеле многу клубови, делегации и националци репрезентации.

Имено, Лионел Меси, Серхио Агуеро и останатите аргентински репрезентативци патувале со истиот авион, што утрово се урна во близината на Меделин.

Авионот е „Ламиа БАЕ-146“ и е боливиски авиопревозник, а Аргентинците на 11-ти ноември патуваа за Бразил на дербито во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Треба да се напомене дека фудбалскиот клуб Шапикоенсе имал резервирано чартер лет, но компанијата го откажала летот пред неколку дена, па морале да патуваат со комерцијален лет во овој авион.