Home Спорт Меси и екипата со шампионскиот пехар пристигнаа во Аргентина – им приредија лудница од пречек (снимка)

Меси и екипата со шампионскиот пехар пристигнаа во Аргентина – им приредија лудница од пречек (снимка)

Аргентинската репрезентација на чело со својот ас Лионел Меси рано утрово пристигнаа во Буенос Аирес по освојувањето на Светското првенство. Во Аргентина веднаш беше прогласен државен празник во знак на добредојде на репрезентацијата, која во финалето ја победи Франција по подоброто изведување пенали.

Аргентинците жестоко слават од неделата и илјадници навивачи веќе се собраа на улиците. Стотици илјади навивачи се очекува денеска да излезат на улиците на Буенос Аирес за време на победничката парада.

Многу навивачи веќе кампуваа таму и ги чекаа своите миленици, а некои лежеа на тревата и ги чекаа играчите. Буенос Аирес првпат ги пречекува светските шампиони по 1986 година, кога Аргентина го освои Светското првенство со Диего Армандо Марадона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…