Меси го руши рекордот на Нејмар!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се уште го нема продолжено договорот со Барселона кој истекува на крајот на сезоната, па поради тоа шпекулациите за неговата иднина се се погласни.

Барселона пред еден месец објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката и дека недостасува уште потпис, но се уште нема официјална потврда.

Преговорите помеѓу Барселона и Меси траат со месеци, па навивачите на каталонскиот гигант се загрижени дека Аргентинецот би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Ситуацијата внимателно ја следи Манчестер Сити, каде јасно признаа дека се спремни да платат колку што треба само да го донесат Меси на „Етихад“. Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ уште во јануари ќе се обидат да го доведат Аргентинецот.

Наводно Гвардиола и раководството на Сити се спремни во јануарскиот преоден рок да понудат неверојатни 400 милиони евра за неговиот потпис.

Тешко дека Барса ќе се согласи на продажба на Меси, но доколку тој одбива да стави потпис на новиот договор, тогаш Каталонците ќе бидат приморани да ја прифатат понудата.