Спорт

Меси го испофали Ван Дајк пред доделувањето на „Златната топка“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси имаше само пофални зборови за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој ќе биде негов најголем ривал за „Златната топка“ оваа година.

Двајцата имаа „жесок“ дуел во четвртфиналето од Лигата на шампиони минатата сезона, кога Меси блесна на „Камп Ноу“, но на реваншот „црвените“ однесоа голема победа.

„Тој е дефанзивец кој знае многу добро како да ги синхронизира своите потези, да излегува во точен момент или да го надмудри напаѓачот. Тој е многу добар тактички и има исклучителна физичка сила и висина. Притоа, одличен е и во напад бидејќи постигнува многу голови“, изјави Меси.

Advertisements
To Top