Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона се обидува да донесе лев бек кој ќе биде алтернатива за Жорди Алба и тоа е еден од приоритетите на тренерот Валверде.
Главна мета на Каталонците е левиот бек на Бетис и шпански репрезентативец Жуниор Фирпо. Преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза, а медиумите тврдеа дека Барса е спремна да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.
Фирпо минатата сезона беше еден од најдобрите леви бекови во Примера, но каталонските медиуми откриваат дека трансферот го блокирал Лионел Меси лично.
Причина за тоа е расправијата помеѓу Фирпо и Меси уште од 2012 година. Тогаш левиот бек силно го навредил Аргентинецот, го нарекол „кучкин син“ и му посакал да скрши нога.
Меси не му заборавил на Фирпо, па му дал услов на раководството дека не сака да ја дели соблекувалната со тој фудбалер.