Меси фамилијарно на доделување на „Златна копачка“ – Антонела со деколтиран фустан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На овогодинешното доделување на најпрестижната европска фудбалска индивидуална награда, „Златна копачка“, фудбалскиот ас Лео Меси беше заедно со атрактивната сопруга Антонела Рокуцо и синовите Матео и Тијаго.

Дечињата беа воодушевени од манифестацијата, а нивната згодна мајка блескаше во фустан, кој имаше предлабоко деколте. Среќното семејство позираше пред стотиците фотографи, а обожавателите на Меси го пофалија изгледот на неговата сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCA (@marca) on

„Честитки. Заслужуваш повеќе од ова. Горда сум што ја освои шестата златна копачка”, напиша сопругата Антонела на Инстаграм.

На социјалните мрежи почнаа да се шират и фотографи на кои се гледа како Меси зјапа во градите на Антонела, но тоа не беше случај. На видеото јасно се гледа дека погледот му бил насочен кон микрофонот што го држи еден од неговите мали синчиња.