Меси донираше половина милион евра за борба против коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Барселона, Лионел Меси донираше 500 илјади евра на фондација во Аргентина, која се бори против коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.

Меси уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело, откако донираше 500.000 евра за борбата со коронавирусот.

Оваа сума ќе се искористи за набавка на заштитна облека и маски за лекари и здравствени работници, потрошни материјали и апарати за вештачка вентилација.

Меси парите ги донирал на фондацијата Гарахан која купената медицинска опрема ќе ја распредели во здравствените центри низ Аргентина.