Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Капитенот на Аргентина и еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси денес го празнува 31-от роденден.
Меси овој роденден го дочека во многу тензична атмосфера, бидејќи неговата Аргентина има лоши резултати на Мундијалот и моментално е во тотален хаос.
Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина.
Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.
„Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него“, истакна слаткарката Дарија Малкина.
Таа наведе дека веќе стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.
Скулптурата ќе биде изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.