Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Импресивниот примерок на „Mercedes-Benz SLR McLaren “ кој беше сопственост на НБА ѕвездата Мајкл Џордан оди на продажба. Станува збор за автомобил кој, во извесна смисла, претставува временска капсула бидејќи е изработен во времето кога „Mercedes“ поседувал дел од „McLaren“.
„Mercedes-Benz SLR McLaren “ е многу редок суперавтомобил кој се произведувал од 2003 до 2010 година а мерцедес нудел и помоќен „722 Edition“ модел со повеќе сила. Еден примерок бил во сопственост на славниот Џордан, но сега е повторно на пазарот.
„Crave Luxury Auto“ го продава реткиот автомобил кој е произведен во 2007 година, а новиот сопственик ќе мора да плати 695.750 долари. Овој модел е еден од 2.157 произведени примероци вклучувајќи ги и специјалните верзии. Сребрениот „Mercedes“ поминал само 1.670 километри.
Специјалниот модел „722 Edition SLR“ се разликува од стандардниот по тоа што неговиот 5,4 литарски мотор со компресор развива 641 коњски сили во однос на стандардните 617 коњски сили.
Исто така модифицирана е и суспензијата, вградени се поголеми сопирачки и друго а автомобилот добил и посебни ознаки.
Иако фотографиите би можеле да бидат и подобри, овој автомобил сепак изгледа импресивно.
За забрзување од 0 до 100км/ч му се потребни помалку од 4 секунди, а до 200 км/ч развива за 10,2 секунди. Максималната брзина изнесува 337км/ч.