Мерцедесот од Груевски наместо да се продава, ќе се поднови со гуми од 53.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наместо да биде пуштен на продажба, како што беше ветувано пред изборите лично од страна на сегашниот премиер Зоран Заев, блиндираниот луксузен Меерцедес, за чијашто набавка екс-премиерот Никола Груевски заработи затворска казна од две години, ќе добие нови гуми.

Во јавно достапната документација, објавена на електронскиот систем за јавни набавки, со која се набавуваат гуми и за други владини возила, се забележува дека за пневматици за блиндираното возило ќе се потрошат повеќе од 53.000 евра!

Според проценката направена во 2018 година, екстра луксузниот мерцедес кој го нарача Министерството за внатрешни работи за потребите на екс премиерот Никола Груевски официјално беше проценет на вредност од 234.000 евра.

Според формулите на проценителот, беше тврдено дека неговата вредност сега е 60 отсто помала од онаа во 2012-та кога бил купен. Со „мерцедесот“, кој пред шест години по желба на екс премиерот Груевски го набави МВР, до сега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули, наредната година.

Возилото кое Груевски во бомбите го нарекуваше „тоа на М“ при проценката имаше исправен акумулатор, а гумите, кои се отпорни на куршуми беше констатирано дека мора да се заменат. Освен што е скапо платен, тешко е и неговото одржување, на пример само еден пар гуми чини 20.000 евра.

Предизборно премиерот Заев најавуваше дека ќе го продаде „Мерцедесот“ за да купи амбулантни возила.

Јавноста за ова возило разбра од „бомбите“, а сега СЈО ја води постапката под кодно име „Тенк“ против екс премиерот, поранешната министерка за внатрешни, Гордана Јанкулоска и нејзиниот помошник за јавни набавки, Ѓоко Поповски, дека луксузното возило било нарачано во време на ослабена економска моќ на министерството за внатрешни.