Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новата А-класа од Мерцедес ќе ја презентираат во Амстердам овој петок, потврдуваат на службениот сајт од компанијата.
Без претерување во „таинственоста“, од компанијата го откриваат предниот дел на автомобилот, а од тука се гледа дека инспирација имаат најдено во ЦЛС моделот. Тие соопштуваат дека новиот модел во А-класа ќе има динамичен карактер. И додаваат дека треба да има редефиниран модерен луксуз на постојната компактна класа и револуција во ентериерот на автомобилот.
Ентериерот најверојатно ќе биде со контроли на допир, навигација од новата генерација, а објавија и фотографија.